Австралиската поп-sвезда Кајли Миног глуми во ново промотивно видео од нејзината земја која ги поканува британските туристи да ја посетат.
Со триминутната песна наречена „Matesong“, таа се појавува покрај познатите Австралијанци како комичарот Адам Хилс, тенисерката Ешли Барти и играчот на крикет, Шејн Варн.
Кајли и екипажот им посветуваат најголемо внимание на Британците со тоа што ги повикуваат во време на неизвесноста со Брекзит да се релаксираат.
Рекламата, наводно, чинела дури 15 милиони американски долари (близу 10 милиони евра), а австралиската влада се надева дека ќе привлече посетители за зајакнување на економијата и руралните области погодени од сушата и пожарите.
На социјалните мрежи, ова видео предизвика многу критики.
Текстот (Видео) Австралиската влада и даде 15. милиони долари на Кајли Миног за спот е превземен од Reporter.mk.