Џез-музичарот Владимир Четкар го промовира новиот сингл Come With Me, првиот од албумот на којшто работи во моментов и што ќе го промовира до крајот на годината. Песната е снимана во Њујорк во студиото The Bunker Studio. Таа е комплетно авторско дело на Четкар, кој е продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент, гитарист и вокалист. Песната со соул, џез, фанк, диско и поп звук е снимена целосно со жива инструментација.
За песната Четкар сними видео во режија на Борче Димовски. Спотот е снимен на повеќе локации во Охрид.
„Избравме некои од најволшебните места на Охридското Езеро, места што туристите можеби не ги знаат“, вели Четкар.
Песната што е објавена пред неколку дена веќе се пушта на неколку радија во Унгарија, меѓу кои и на најпопуларното радиo за џез и соул музика Jazzy 90.9 FM.
„Песната наскоро ќе има радиска промоција и во Аргентина, Бразил, Англија, САД, Јапонија, Тајланд, Италија, Мексико и други земји што досега активно ја поддржуваа мојата авторска музика“, додава Четкар.
Текстот (Видео) Четкар ја промовира првата песна од новиот албум е превземен од Reporter.mk.