„Вог“ за прв пат во историјата без фотографија на насловна
Италијанскиот „Вог“ овој јануари прв пат без фотографија за насловната страна. Наместо тоа, љубителите на “Вог“ ќе можат да ги видат рачно насликаните „Гучи“ креации, бидејќи класичниот моден едиторијал недостига. Уредниците дошле до оваа идеја за да ја подржат светската борба за зачувување на животната средина.
“Во глобалната дебата за зачувување на животната средина постои еден аспект кој мене ми е многу близок, а тоа е интелектуалната искреност. Во нашиот случај, тоа значи дека мора да признаеме дека процесот на изработка на магазинот има негативно влијание врз животната средина. Најискрениот начин да се соочиме со проблемот е да признаеме дека тој постои. Овој гест е наш начин да кажеме знаеме дека сме дел од индустријата која е далеку од оние кои го подржуваат одржувањето на животната средина“, рекол уредникот на италијанскиот „Вог“, Емануел Фарнети.
Фарнети набројал само неколку работи кои се потребни за модниот едиторијал да се направи како што треба. Помеѓу останатото тоа е 20 летови со авион, повеќе десетици возења со воз, 40 автомобили во приправност, 60 интернационални достави, повеќе од 10 часа осветлување на простор, остатоци од храна од кетеринг, пластика во која се завиткува облеката и така натака.