Српската фолк-пејачка Милица Тодоровиќ на „Инстаграм“ се пофали дека ќе биде кума на свадбата на пејачот Стеван Анѓелковиќ. Победникот на последната сезона од музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ овој месец ќе прави свадба со својата долгогодишна девојка Наташа, а Милица ја избрал запто ја смета за своја сестра.
„Зошто? Зашто од првиот ден те гледам како сестра. Затоа што си со мене во добро и во лошо, зашто ги знаеш сите мои мани и квалитети, моите тајни. Затоа што те сакам таква каква што си“ стои во пораката што Стеван ѝ ја дал на Милица кога ја поканил да му биде кума.
Милица и Стеван се запознаа пред 13 години и оттогаш се најдобри пријатели.
Текстот Милица Тодоровиќ ќе биде кума на свадбата на Стеван Анѓелковиќ е превземен од Reporter.mk.