Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо го има најскапиот Ролекс во светот. Португалецот поседува Ролекс – Master Ice, кој е изработен од 18 каратно бело злато и се продава за цена од 500.000 американски долари.
Фудбалерот на Јувентус покрај тоа што заработува огромна сума на пари, од торинскиот клуб, може да се пофали и со парите кои ги зема од социјалните мрежи. Само од „Инстаграм“ каде го следат 200 милиони следбеници заработува огромна сума на пари. „Форбс“ го смести на листата на втор најплатен спортист на децанијата.
Пред него се најде само Флојд Мејведер. Часовникот кој го носи Роналдо чинел 485.000 долари кога прв пат бил јавно претставен во 2018-та година. Со таков сличен часовик бил виден Роналдо во Дубаи. Тој исто така носел веренички прстен од 262.000 долари и венчален прстен од 65.000 долари.
Текстот (Фото) Роналдо го носи најскапиот Ролекс во светот е превземен од Reporter.mk.