Модната дизајнерка Викторија Бекам е на насловната страница на октомврискиот број на британскиот „Вог“ заедно со четирите деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер. Во едиторијалот е вклучен и нејзиниот сопруг, фудбалерот Дејвид Бекам.
Фотосесијата на Викторија е дополнета со големо интервју во кое таа зборува за славата, семејството и модата. Таа првпат отворено ги демантира гласините дека таа и Дејвид ќе се разведат.
„Луѓето 20 години измислуваат работи за нашата врска. Со Дејвид научивме како да игнорираме бесмислените гласини. Но, овие работи имаат поширок ефект врз луѓето околу нас и тоа е неправедно. Сфативме дека сме посилни заедно отколку како поединци. Дали некој од нас ќе беше во позицијата во која сме сега, ако не се сретнавме и не останевме заедно сите овие години? Мислам дека не“, раскажала Викторија во интервјуто.
Текстот Викторија со децата на насловната на „Вог“ е превземен од Reporter.mk.