(Видео) Поцрвене небото над Австралија

Небото во југоисточниот дел на Австралија целосно поцрвене, пренесуваат светските медиуми. Ваквата боја е резултат на големиот број пожари кои ја зафатија земјата. Во последните 24 часа, пожарникарите се борат против најлошите природна катастрофа која ја зафатила Австралија.

„Во Памбула, во Нов Јужен Велс, насекаде има дим, а атмосферата изгледа како на Марс“, велат тамошните жители.

Многумина од нив морале да бараат засолништа покрај плажите. Во моментов во Австралија се регистрирани 146 пожари, а 65 од нив не се локализирани. На теренот има повеќе од 2700 пожарникари.

Еден маж на 47 годишна возраст починал како резултат на срцев удар додека му помагал на пријател да го спаси имотот во Батлов, град во југоистокот од Канбера. Бројката на починати како резултат на пожарите од септември до сега порансал на 24. Пожарите ги погодија сите шест сојузни држави. Изгореле повеќе од 5 милиони хектари земја.

Во Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија, забележани се и ектремни температури. Во Сиднеј биле регистрирани 48 степени, а ситуацијата на гаснењето на пожарите ја отежнуваат и силните ветрови кои достигнуваат брзина и до 80 километри на час.

Временските услови денес се подобрени, но на некои места, ситуацијата и понтаму се влошува. Властите во Викторија и понатаму спроведуваат масовна евакуација со помош на војската.

Текстот (Видео) Поцрвене небото над Австралија е превземен од Reporter.mk.