По петнаесет години од нивниот брак, вечерва холивудските ѕвезди Бред Пит и Џенифер Анистон ќе бидат заедно на 77. доделување на Златните глубоси. Двојката се разведе во 2005 година и често избегнуваа и се криеја од очите на јавноста. Двајцата не сакаа да бидат видени заедно.
Светските медиуми пренесуваат дека вечерва двајцата е многу веројатно да се појават на црвениот килим во Беверли Хилс и да седат еден покрај друг. Анистон е номинирана за најдобра актерка во серијата „Добро утро Америка“, додека Пит има номинација за најдобра споредна улога во филмот со Леонардо ди Каприо“ Беше еднаш во Холивуд“.
Пит и Анистон беа пет години заедно во периодот од 2000 до 2005 година. Откако се разделија, Пит продолжи со неговата колешка Анџелина Џоли. Нивни блиски пријатели велат дека во изминатиот период двајцата се зближиле и дека многу е веројатно во иднина да продолжат заедно.
Текстот Бред Пит и Џенифер Анистон вечерва заедно на Златните глобуси е превземен од Reporter.mk.