„Среќен сум што растеме заедно моја Нина“ – Борко прослави годишнина брак

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски ѝ честиташе годишнина брак на неговата сопруга Николина. Тој во моментов е во Словенија каде со макеоднските репрезентативци, се подготвува за Европското првенство кое почнува на 9 јануари.

Борко објави фотографии од венчавката од пред една година со порка за Нина.

„Една година грижа, сакање, растење заедно. Учење за животот и што значи бракот. Среќен сум што беше покрај мене во секој чекор. Среќна годишнина моја Нина и се надевам на уште многу во иднина“, напиша Борко на „Инстаграм“.

Двојката се венчаше лани ноќта пред Бадник. На свадбата имаше околу 200 гости. Борко тогаш ни кажа дека тој со Нина претходно се венчале, но поради обврските свадбата беше неколку месеци подоцна. Летото во 2018 година го добија синот Душан.

 

Текстот „Среќен сум што растеме заедно моја Нина“ – Борко прослави годишнина брак е превземен од Reporter.mk.