Последните три години во јули месец се измерени највисоки температури во последните речиси 120.000 години, тврдат научниците.
Следејќи ја последната објава на НАСА, според која месецот јули во 2018 година е третиот најтопол месец од почетокот на мерењата во 1880 година, климатскиот научник Стефан Рахмстроф, истакнува дека последниот јули, во кој се забележани рекордни топлотни бранови, веројатно е и најтоплиот месец од геолошкиот период, познат под називот Eemian.
Периодот Eemian и леденото доба пред и после него, биле природни процеси на Земјата кои може да ги објасни нашата ориентација кон сонцето во тоа време, тврдат научниците.
Just out: NASA global temperature for July. It was the 3rd warmest July on record after 2016 and 2017. Since July is the warmest month of the year, the past July was one of the warmest recorded months ever. Likely among the warmest months since the Eemian 120,000 years ago. pic.twitter.com/KGZXh5ZXOS
— Stefan Rahmstorf (@rahmstorf) August 15, 2018
Овие процеси на загревање и ладење се случуваа постепено илјадници години, но моментално брзото загревање на земјата, она во последните 150 години, без сомнение е предизвикано од човечкиот фактор, бидејќи во нашата атмосфера сe собираат силни гасови со ефект на стаклена градина произведени од јаглен и други горива.
„Флуктацијата помеѓу топлите и ладните периоди на Земјата се случува од секогаш, но клучната работа се случува од индустријализацијата, од тогаш имаме сосема поинаков распоред“, вели климатологот Пар Бартлеин од универзитет во Орегон.
„Во потполност се согласувам дека последните три лета веројатно се најтоплите во последните 120.000 години. Многу е веројатно дека веќе го надминуваме најтоплиот дел од Holocen, периодот кој настапил после леденото доба“, вели Дејвид Блек, исто така климатолог.
Стефан Рахмстроф уште во 2013 година тврдеше дека моменталната клима веќе го надминала најтоплиот период на Holocen.
Извор: Klix.ba
Текстот Научниците сложни: Земјата е најтопла во последните 120.000 години е превземен од USB.mk.