Светскиот модел Емили Ратајковски објави фотографија кога имала само 14 години. Таа изгледа исто како од пред една деценија и вели дека на овој начин сака да им покаже на фановите дека нејзиното тело е природно.
Манекенката која редовно објавува голи фотографии по социјалните мрежи, сега вели дека жали што почнала прерано да објавува раголени фотографии.
„Ја објавив оваа фотографија за да им покажам на сите дека моето тело е природно. Сега сум тажна што оваа слика постои. Бев дете и сакав светот да ме охрабри да бидам нешто повеќе од само тело“, вели Емили во објавата.
Таа смета дека сега е во предност затоа што со нејзиното тело може да биде модел и да заработува преку „Инстаграм“.
„За среќа открив работи кај мене кој се многу поважни од сексуалнсота. Ако некоја 14 годишна девојка го чива ова, нека не се грижи за ништо. Само читајте повеќе книги и знајте дека она што го гледата на „Инстаграм“ е само еден мал дел“, им порачува Емили на фановите.
Ратајковски има свој сопствен бренд за долна облека и костим за капење во кој редовно позира. Таа вели дека самата таа е најдобра реклама.
Текстот (Фото) Емили Ратајковски: Сè на мене е природно е превземен од Reporter.mk.