Пејачката Рада Манојловиќ ќе отвора ресторан, пишуваат српските медиуми. Таа решила парите заработени од пеењето да ги инвестира во бизнис. Веќе има најдено локација во Белград, а во моментов е во потрага по келнери, готвачи и екпсерти кои ќе бидат задолжени за ентериерот.
Извор близок до пејачката открива дека за потребите на ресторанот, таа ќе ги ангажира и нејзиниот татко Раде и сестра ѝ Марија.
„Рада доби идеа да отвори ресторан во етно-стил, во кој исклучиво ќе се нуди домашна српска храна, пред се од нејзиниот крај. На менито ќе има полнети пиперки, сарма, развлечени пити и погачи. Идејата ја доби од нејиното семејство и партнерот Харис Берковиќ. Таа не сакаше парите да ги троши на луксуз и автомобили. Сакаше да ги инвестира во нешто паметно“, вели изворот.
Тој додава дека Рада е решена докрај да оди со идејата за свој бизнис, а ако не успее, тогаш ќе и остане пеењето.
„Рада редовно настапува и за неа нема финансиска криза. Нејзината идеја е во ресторанот да се чувствува како дома. Да може да нарача некој специјалитет од нејзинит крај. Да ги вкуси нејзините омилени јадења кои ја потсетуваат на нејзината мајка“, вели изворот.
Тој додава дека Рада планира ресторанот да го отвори на пролет.
Текстот Рада Манојловиќ ќе отвора ресторан е превземен од Reporter.mk.