Есенска диета – намалете 3 килограми за 7 дена

Со диетата на база на есенски намирници ќе изгубите до 3 килограми за една недела. Иако изгледа тешка, менито содржи доволно хранливи материи што се идеални за диета, велат нутриционистите.

Прв ден

Појадок: Парче пченкарен леб, сирење со малку маснотии, свежа пиперка
Ужина: Круша
Ручек: Супа од тикви, две парчиња леб намачкан со лук
Ужина: Јаболко
Вечера: Печено пилешко, 150 гр брокули и карфиол прелиени со две лажици маслиново масло, чинија салата

Втор ден

Појадок: Парче пченкарен леб, сирење со малку маснотии, свежа пиперка
Ужина: Круша
Ручек: 250гр шпагети со модар патлиџан и домати
Ужина: 150гр грозје
Вечера: Две варени или печени пченки, шолја млеко со малку масти

Трет ден

Појадок: 40гр житарки, шолја јогурт, банана, лажица мед
Ужина: Калинка
Ручек: 250гр печурки, 150гр пире од компири, зелка салата
Ужина: Печени костени
Вечера: Варен грашок и зелка, парче леб

Четврти ден

Појадок: Парче пченкарен леб, мисиркина салама, свежи пиперки и малку кајмак
Ужина: 150гр овошен јогурт
Ручек: 80гр грашок, варен интегрален ориз и вегетаријански плескавици од печурки
Ужина: Јаболко
Вечера: Пастрмка печена во рерна и компир салата

Петти ден

Појадок: 100гр проја и шолја јогурт
Ужина: 30гр ореви
Ручек: Туна сендвич и салата
Ужина: Јаболко
Вечера: 2 јајца, 250гр пиперки, парче интегрален леб

Шести ден

Појадок: Парче интегрален леб, малку путер, малку мармалад по желба, шолја свежо цеден овошен сок
Ужина: Круша
Ручек: 100гр варено телешко месо, салата по желба
Ужина: Две мандарини
Вечера: Зеленчук по желба печен во рерна, парче интегрален леб

Седми ден

Појадок: Парче интегрален леб, паштета од зеленчук, шолја природен свежо цеден сок
Ужина: 150гр грозје
Ручек: Пилешка супа, 150гр пилешко месо, 100гр варен компир, две лажици ајвар
Ужина: Јаболко
Вечера: Парче леб со 30гр сирење, пипер и лук по желба

Текстот Есенска диета – намалете 3 килограми за 7 дена е превземен од Reporter.mk.