Новата премиерка на Финска Сана Марин, сака да го скрати работното време во земјата. Нејзината замисла е да има само четири работни денови и во текот на денот да се работи само шест часа. Триесет и четиригодишната Марин, која е втор најмлад премиер во светот, на овој начин сака работниците да поминат повќе време со своите семејства.
„Верувам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, сакани и хобија и со други аспекти на животот, како култура. Ова би можел да биде наш следен чекор во работниот век“, кажа Марин.
Марин уште додека го водеше Министерството за транспорт, се залагаше за пократка работна недела. На овој начин таа смета дека работниците ќе бидат поодморени и попродуктивни. Во Финска денес вообичаено се работи пет дена во неделата по осум часови на ден.
Марин ја предводии коалицијата на лев центар составена од пет партии чии лидери се жени, од кои три се во рани 30-ти години. Шестчасовен работен ден беше тестиран и во Шведска во 2015 година и резултатите покажаа дека работниците биле посреќни, поздрави и попродуктивни. Сличен експеримент лани спроведе и „Мајкрософт“ во Јапонија и резултатите исто така беа позитивни.
Текстот Новата премиерка сака да го скрати работното време во Финска е превземен од Reporter.mk.