19-годишниот хармоникаш, Костадин Крстески, го компонираше „Кичевска саса“, ново македонско оро. Костадин досега има компонирано, отсвирено и снимено неколку ора, а две од нив ги промовираше пред крајот на минатата година.
„Ја сакам македонската традиција и музика. Сакам сè што е поврзано со нашата музика и затоа посебно се радувам и сум горд на секое мое промовирано оро, кое е прифатено од публиката. Ланската година ја завршив со промоција на две ора, а во новава најавувам уште многу изненадувања за уживателите на македонскиот мелос“, вели младиот Костадин, кој е студент на факултетот за музичка уметност.
Тој најави дека наскоро ќе сними и албум на кој ќе бидат собрани сите негови досегашни снимени материјали.
Текстот (Видео) Хармоникашот Костадин Крстески компонираше ново македонско оро е превземен од Reporter.mk.