Пејачката Адел ослабе. Суперѕвездата неколку пати тврдела дека нејзиниот начин на исхрана ја спречуваат да изгледа убаво, бидејќи навистина не сака да вежба.
Меѓутоа, пејачката добила помош од бразилката Камила Годис, која и’ помогнала да ја достигне идеалната фигура.
Камила открила дека се служи со разни вежби, пилатес и основни тренинзи на сила, за да ги доведе своите клиенти до совршената тежина.
Фитнес-тренерката навела дека Адел го стеснила телото благодарение на диети, а не на вежбање.
Адел ја запознала инструкторката преку Аида, сопругата на Роби Вилијамс.
„Долго ја тренирав Аида. Таа и Адел се добри пријателки, па се запознавме во куќата на Роби. Адел не сака да вежба, но го промени начинот на живот и исхраната и за нејзините резултати заслужна е диетата.“
Камила, која е и животна советничка, изјавила дека Адел својот нов изглед го заслужила поради здрава и урамнотежена исхрана, внесувала помалку калории дневно и трошела вишок енергија.
Уште во октомври Адел се пошегувала дека некогаш плачела, а сега се поти, односно дека ја намалила консумацијата на шеќер, јаде растителна храна, како кељ и хелда, кои го намалуваат апетитот и го активираат генот на слабеењето.
Текстот (Фото) Адел ослабе со гладување е превземен од Reporter.mk.