Австриски, чешки и шведски научници го прогласија британскиот пејач Фреди Меркјури за најдобар пејач на сите времиња. Тие своето истражување го објавиле во списанието „Логопедиксфониjатрикс воколоџи“. Според нив, причината за ова не е тоа што неговиот глас имал распон од цели четири октави, туку фреквенција на неговиот глас, која изнесувала 117,3 херци. Експертите дознале дека тој „испушта“ 4.132 фрејмови во секунда, што не му успеало на ниеден друг пејач. Тие анализирале повеќе негови изведби и шест интервјуа врз база на што ги добиле овие податоци. Исто така заклучиле дека иако важел за тенор, неговиот глас бил поблиску до баритон.
Фреди Меркјури е роден на 5 септември 1946 година во Занзибар. Почина 1991 година од сида. Тој во 1970 година ја основа рок-групата „Квин“. Беше нејзин пејач до смртта.
Текстот Фреди Меркјури е најдобриот пејач на сите времиња е превземен од Reporter.mk.