Фолк-пејачот Милан Станковиќ е сликан додека се сонча на геј плажа во Барселона, Шпанија. Српскиот портал „Курир“ објави папарацо фотографии и видео од пејачот направени на плажата, на која Милан бил со неколку свои пријатели. Според порталот, Станковиќ кој е на фастивалот Circuit, на плажата пристигнал околу пладне, но си заминал по неполн час, откако, наводно, сфатил дека е на геј плажа.
„Не знам дали Милан случајно или намерно одбра токму геј плажа, за која сите знаат дека е тоа. Многу пристојно се однесуваше. Дојде со двајца другари. Беше расположен, но не се задржа долго“, рекол за „Курир“ мажот кој бил во близина на пејачот и кој ги испратил фотографиите и видеото до порталот.
Иако медиумите во Србија повремено пишуваат дека Станковиќ е хомосексуалец, тој ги демантира.
„Дали сте нормални? Нема да коментирам глупости, не е ни прв ни последен пат малициозно да ме доведуваат во тој контекст. Тоа е мојот коментар, ви благодарам на сè“, рекол Милан за „Курир“ откако од него побарале коментар за денот поминат на нудистичка геј плажа.
Текстот Милан Станковиќ се сонча на геј плажа е превземен од Reporter.mk.