Пиколомини го промовира третиот албум

Скопскиот музичар Пиколомини утревечер во 20 часот во барот „Ла кања“ ќе го промовира својот трет студиски албум, „Бела птица, црн бран“. Албумот е во издание на независната издавачка куќа „Шарла“. Содржи десет песни, а Пиколомини го промовира четири години по неговото претходно издание.

Гости на албумот се пејачките Кристина Горовска („Бернајс пропаганда“), Надежда Рубен („Поган паган“) и Соња Димитриоска (КЛО). Комплетниот материјал е авторско и продукциско дело на Давид Ангелевски, а фотографијата за обвивката ја изработи Иван Илиев.

Текстот Пиколомини го промовира третиот албум е превземен од Reporter.mk.