Застаре случајот за сексуален напад против Кевин Спејси

Холивудскиот актер Кевин Спејси нема да биде кривично гонет по обвинението за сексуален напад од 1992 година, оти според законите на Калифорнија настапила застареност на случајот, објави обвинителот од Лос Анџелес.

Случајот, во кој жртвата денес е возрасен маж, обвинителите го почнаа во април и оттогаш ги разгледуваа доказите. Иако обвинителството никогаш не објави детали од обвинението, велат дека делото е веќе застарено, па врз таа основа нема да покренуваат постапка против глумецот.

Кевин Спејси доби отказ од неколку филма по првото обвинение за сексуален напад. Најпрво беше избркан од серијата „Куќа од карти“, потоа беше заменет во филмот „Сите пари на светот“, па на веќе снимениот филм се преснимуваше неговата улога. И неговиот последен филм „Клуб на момчиња милијардери“ помина многу лошо и заработи само 126 долари на денот на премиерата.

Текстот Застаре случајот за сексуален напад против Кевин Спејси е превземен од Reporter.mk.