Канадската ѕвезда Џастин Бибер откри дека му е дијагностицирана лајмска болест и дека изминатите неколку години за него биле многу тешки. Тој ова го кажа откако неодамна, откако беше снимен на улица во прилично лоша состојба, по што медиумите пишуваа дека Џастин се дрогира.
„Неколку тешки години е со мене“ нагласи Бибер, откривајќи дека докторите му дијагностицирале лајмска болест, но и дека со години пати од хронична вирусна инфекција.
Лајмската болест ја шират крлежите, а во почетокот болеста предизвикува осип, треска, главоболки и малаксаност. Може да доведе и до парализа на фацијалниот нерв, силни болки во зглобовите, тешки главоболки и срцева палпитација.
Дури и кога ќе се излечи, со месеци подоцна симптомите можат повторни да се појават.
„Луѓето мислат дека сум на мет (мета-амфетамин), но не сфаќаат дека неодамна ми е дијагностицирана лајмска болест, а дека во претходниот период имав тежок случај на мононуклеоза, која влијаеше на мозокот и на мојата целосна здравствена состојба“, напиша пејачот.
Тој додаде дека зема терапија и дека сè ќе открие во претстојниот документарец за својот живот, кој ќе се емитува на Јутјуб.
„Ќе видите против што се борам и победувам. Ќе се вратам подобар од кога било“, додаде Бибер.
Текстот Џастин Бибер: „Не се дрогирам, болен сум“ е превземен од Reporter.mk.