Toyota ќе гради прототип „град на иднината“ во Јапонија, кој ќе се користи за развој и тестирање на идните технологии.
Градот ќе го носи името Woven City, а ќе се наоѓа во близина на вулканот на планината Фуџи.
Како извор ќе се користат водородни горивни ќелии, а ќе живеат 2.000 постојани жители и истражувачи. Кога станува збор за возилата, ќе се користат само автономни возила без емисија на CO2.
Toyota ќе го користи градот за да ја тестира технологијата во областа на автономијата, роботиката, транспортот, „паметните“ домаќинства и вештачката интелигенција.
Проектот го најави шефот на Toyota, Акио Тојода на „Consumer Electronics Show“ во Лас Вегас.
„Градот е единствена можност за развој на идните технологии. Добредојдени се сите оние кои се инспирирани да го унапредат начинот на живот, да го искористат овој уникатен истражувачки екосистем и да ни се придружат во создавање подобар начин на живот и движење за сите нас “, рече Тојода.
Woven City ќе поседува мрежа на поврзани сензори кои меѓусебно ќе се поврзуваат со други сензори преку дигитален оперативен систем.
Текстот Toyota ќе гради паметен град во близина на планината Фуџи (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.