Американскиот глумец Тимотеј Шаламе ќе го глуми музичарот Боб Дилан во биографскиот филм, што ќе почне да се снима наскоро. Филмот за музичката легенда и нобеловец, ќе го режира Џејмс Манголд.
„Дедлајн“ пренесува дека филмот ќе го следи животот на Дилан од младоста до времето кога стана еден од најценетите светски музичари. Според нив, Шаламе веќе почнал да зема часови по гитара за добро да се спреми за улогата.
24-годишниот Шаламе во 2018 беше номиниран за Оскар за филмот „Викај ме со твоето име“, а последно глумеше во историската драма на „Нетфликс“- „Кралот“ и во драмата на Грета Гервиг, „Мали жени“.
Текстот Тимотеј Шаламе ќе го глуми Боб Дилан е превземен од Reporter.mk.