ОВЕН
Ќе ви се укаже можност да напредувате на полето на работа. Искористете ја шансата и не дозволувајте никој да ви застане на патот. Ве очекува период во кој ќе запознаете многу нови личности. Пред вас е фаза која носи интересни пресврти. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на забите.
БИК
Ве очекува интересно патување кое може да направи пресвртница во вашата кариера. Во наредниот период ќе уживате во необврзувачки односи со лица од вашето опкружување. Ако сте во врска, односот со вашиот партнер може да биде разнишан. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Размислувате да ризикувате и да почнете да вложувате во несигурни инвестиции. Подготвени сте за поголеми промени на деловен план. Вашиот партнер ќе ви покаже дека искрено му е грижа за вас. Следува период во кој ќе имате интересни средби. Внимавајте на здравјето и проблемите со уринарниот тракт.
РАК
Во наредниот период ќе склучите нов договор кој може да се покаже како од исклучително значење за вашата кариера. Доколку планирате брак, наредниот период е поволен за тоа. Договорете ги сите детали околку организацијата со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со иритацијата на кожата.
ЛАВ
Работете на вашата репутација на деловно поле. Во наредниот период важно е да вложувате во вашиот имиџ. Чувствувате дека ви треба нова личност во вашиот живот. Пред вас е период кој ќе ви донесе убави промени. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Можете да очекувате опуштен ден и подобрување на деловната ситуација. Пред вас е и поволен ден на полето на љубовта. Вашиот партнер сака искрено да ви покаже дека му е грижа за вас. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
ВАГА
Ако се занимавате со приватна работа, ќе успеете да ја подобрите состојбата во која во моментов се наоѓате. Пред вас е одличен период да се посветите на вашиот партнер и да односот да го подигнете на едно повисоко ниво. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.
СКОРПИЈА
Денешниот ден ќе ви донесе многу позитивна енергија која треба максимално да ја искористите за работа. Полето на флерт ви се активира и брзо доаѓа до можност да склопите нови познанства. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги цигарите.
СТРЕЛЕЦ
Можете да очекувате добар ден кога е во прашање работата. Подготвени сте да ја прифатите новата понуда на ова поле. Имате јасно дефинирани цели и желби на ова поле. Знаете како да се поставите во односот со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со вашиот врат и грло.
ЈАРЕЦ
Во текот на денот ќе имате негативен став по прашање на работата. Постојано ќе делувате незаинтересирано пред колегите или шефовите. Нема да размислувате ниту за промена на работата и почнување на нов бизнис. Вашиот партнер е подготвен да се бори да ја подобри врската. Внимавајте на здравјето.
ВОДОЛИЈА
Денешниот ден нема да ви биде поволен кога станува збор за работата. Постојано ќе добивате лоши вести за губитоци или друг вид на компликации. Ве очекува средба со личност кон која имате силни чувства. Наскоро ќе имате можност и за почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.
РИБИ
Денот ќе ви биде доста активен и исполнет на деловно поле. Подгответе се за носење на важни одлуки. Преку пријателите ќе успеете да остварите интересно ново љубовно познанство кое за вас ќе биде значајно. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
Текстот Дневен хороскоп за 10 јануари е превземен од Reporter.mk.