Овачарското куче Петски го спасило стадото овци на нејзиниот стопан, Австралијанката Кат Хил, од големиот пожар кој зафати дел и од нејзината фарма во австралиската држава Викторија. Огнените стихии во земјата однесоа голем број животни и сите се обидуваат да бараат спас за својот добиток, вели таа.
Голем број фармери се трудат да осигураат вода и храна за нивните животни и да изградат приврмеени огради за да ја заштитат стоката од огнената стихија.
Хил објавила видео на „Инстаграм“ од нејзиниот шестгодишен шкотски овчар Петси. Таа објаснува дека Петси не дозволила овците да изгорат и ги насочила на безбедно растојание.
„Тешко е да се поверува дека вакво нешто може да се случи. А, станува само полошо. Затоа одлучив да ја раскажам приказната за Петси. На луѓето им е потребно да видат нешто позитивно“, вели Хил.