Фолк-пејачката Сузана Спасовска денеска го промовира спотот за својата најнова песна „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“. Главната улога во спотот ја има Теона, ќерката на Сузана, а покрај неа во видеото се појавува и манекенот Виктор Пецев. Теона не се експонира во јавноста, ниту се занимава со пеење, па пријателите на Сузе на социјалните мрежи коментираат дека се изненадени што се појавува во спотот на мајка си.
Музиката, текстот и аранжманот на песната „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“ се на Љупчо Чедомирски. Песната е дел од албумот „Тагувам со насмевка“. Видеото, пак, го изработи „Фабрика продукција“.
Текстот Ќерката на Сузе со згоден манекен е превземен од Reporter.mk.