Вечерва Македонија го игра првиот натпревар на ЕП во Австрија против Украина. По шест години, ракометарите одат на првенство со македонски сeлектор. Данило Брестовац, некогаш најдобар голман во Франција, го предводи тимот. Разговорот го правевеме додека траеја подготовките за првенството. Во интервјуто тој ни откри дека доаѓа во малку тешко време за македонскиот ракомет. Од една страна приказните дали е или не е човекот за оваа работа, од друга страна шансата што им ја дава на младите да се покажат, па до тоа какво е расположението во тимот.
„Па, мене и кога ќе победаме ме критикуваат. Јас знам како го замислувам националниот тим, ама мора да се има трпение. Може сега нема да направиме бум, ама за две-три години сум сигурен дека ќе имаме врвна репрезентација“, вели селекторот Брестовац, кој неодамна беше прогласен за најдобар екс-ју тренер.
Како помошник на Лино Червар и Ивица Обрван, а подоцна и тренер на „Металург“, но и во Луксембург, ракометната приказната почнала уште кога имал 15 години. Ама како голман. Прво играл ракомет во „Ѓорче Петров“, а од таму оди во „Вардар“ каде беше капитен и прв го крена трофејот во 1997 година. Подоцна доаѓа и понудата за Франција каде што девет години држеше рекорд. „Рекордот ми го сруши голманот што јас го тренирав“, раскажува Брестовац.
За расположението во тимот, има ли кавги во соблекувалната, како се справува со негативните критики и дали беше тешко да излезе од сенката на Раул Гонзалес, Данило има своја приказна. За почетоците, за времињата со „Вардар“ кога со ракометрите биле многу популарни, за дневните шеми и излегувањата, за семејството… Гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев
Текстот (Видео) Данило Брестовац: За шише виски ми го направија првиот ракометен портал е превземен од Reporter.mk.