Со улогата на помошничката Исаураво „Преспав“ актерката Емра Куртишова (34) стана една од омилените на јавноста. Улогата и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, помладата публика веќе ја знае.
Но, сега повеќето ја препознаваат како Исаура – љубовта на Талат.
Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца. Изминатата 2019 година таа ја одигра 50-та изведба на детската претстава „:„Check in: Пред зграда”, додека сега новиот репертоар во ТДМ го започнува со “Цветната улица“.
За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата.
Текстот (Фото) Исаура од „Преспав“, актерката што ја освои македонската публика е превземен од Reporter.mk.