Во резерватот зa проучување и зачувување на дивиот свет „Укутула“ во Јужноафриканската Република пред една недела се родија првите лавови од епрувета. Откако научници од Универзитетот во Преторија вештачки оплодија лавица, таа роди две лавчиња, мажјак и женка.
Научниците се надеваат дека оваа метода ќе овозможи опстанок на загрозените видови мачки, како што се тигрите, снежниот леопард и либерискиот рис.
„Тие се во секој поглед совршени младенчиња. Среќни се, здрави и разиграни, а ние сме пресреќни“, изјавил сопственикот на резерватот, Вили Џејкобс. Тој додал и дека на лавовите ги дале имињата Изабела и Виктор, по раководителот на проектот, Изабела Калеалта, и нејзиниот свршеник.
Текстот Во Африка родени првите лавови од епрувета е превземен од Reporter.mk.