Едногодишно дете доби медал за гасењето пожари во Австралија

Едно и полгодишниот Харви Китон доби медал за придонес во гасењето на пожарите во Австралија. Детето медалот го доби за време на погребот на неговиот татко Џеф Китон во Сиднеј, кој починал за време на гасењето на огнот.

Џеф заедно со неговиот колега Ендрју О’Двајер настрадал, откако врз нив паднало дрво. Харви за време на церемонијата бил облечен во униформа и со цуцла во устата, ја примил наградата. Дестици пожарникари се  поздравија за последен пат со својот колега, кој загинал на 32 години.

Неговиот ковчег бил ставен на пожарникарски камион. Покрај семејството, колегите и началниците на пожарникарските единици, на погребот присуствувал и австралискиот премиер Скот Морисон, кој бил жестокот критикуван поради непримерно реагирање на пожарите.

 

Џеф Китон е еден од тројцата пожарникари што ги загубија животите во пожарите. Досега загинале повеќе од 480 милиони животни. Пожарите достигнаа толкави размери, што страшните сцени може да се видат и од вселената.

Текстот Едногодишно дете доби медал за гасењето пожари во Австралија е превземен од Reporter.mk.