Финските научници произвеле храна од воздух за која тврдат дека за 10 години ќе ѝ конкурира на сојата според цената.
Ваквиот протеин се произведува од бактерии од тлото кои се хранат со водород издвоен од водата со помош на електрична, односно соларна енергија.
Ако електричната енергија може да се создаде од сонце и ветер, постои можност и за производство на храна која не би имала негативно влијание врз климата и не би придонела за создавање на ефект на стаклена градина.
Новата храна претставува високопротеинска состојка налик брашно која содржи 50 отсто протеини, од 5 до 10 отсто масти и од 20 до 25 отсто јаглехидрати.
Научниците тврдат дека има вкус на пченично брашно и дека до 2021 година би можела да стане една од главните состојки на многу прехранбени производи, пренесуваат научните портали.
Во постапката на производство на храна наречена “солеин” се користат гасови од стаклената градина, се зема јаглерод диоксидот од воздухот, а потоа се комбинира со вода, помала доза на хранливи материи и витамини.
Потоа, со помош на обновлива соларна енергија започнува природен процес на ферментација, сличен на оној со помош на кој се произведува квасецот.
Future of synthesized food is extremely interesting! Finnish near-zero emission solution can compete with soya on price within the decade or even earlier @Solar_Foods agrifree protein production uses renewables, water and air #climatechange https://t.co/YcS31I9ttV
— Susanna Perko (@SusannaPerko) January 10, 2020
Од фабриката “Солар Фудс” наведуваат дека веќе се собрани 5,5 милиони евра и во зависност од цената на електричната енергија, предвидуваат дека нивните трошоци ќе се поклопуваат со оние за производство на соја до крајот на деценијата.
“BBC” пренесува дека научниците сакаат ваквото “протеинско брашно” да биде неутрален додаток на сите видови на храна. Тоа би требало да наликува на палминото масло кое се додава во колачите, сладоледите, тестенините, сосовите и лебот, а научниците тврдат дека може да се користи и при одгледување на месо или риба.
Извор: Klix.ba
Текстот Фински научници направија храна од „воздух“ е превземен од USB.mk.