Вулгарни закани во пет натуро добила новинарката Мери Јордановска од Емил Јакимовскикој работи во Централниот регистар. „Гуска“, „пропагандистичка ороспија“, „да те искреираат на некролог“. Ова се само дел од заканите и од монологот на’ничем изиаваниот’ Емил Јакимовски, кој од 5 до 6 часот изутрина ми се закануваше без престан, не знаејќи ниту каде работам и цитирајќи текстови кои не сум ги напишала, вели новинарката Мери Јордановска заменик на главен и одговорен уредник во Макфакс и А1 он.
“За ова е веќе пријавен во МВР преку Хелсиншкиот комитет, особено затоа што за него веќе има пресуда за семејно насилство, а овие принт скринови ги објавувам со чиста совест, за партијата да го преиспита психичкото здравје на оние кои ги вработувала и на оние кои го шират јавното мислење“, изјави за „Репортер“ Јордановска
Инаку, Емил Јакимовски rаботи во Централниот регистар, а заедно со неговиот брат се сопственици на неколку портали.
Текстот Вулгарни закани во пет наутро кон новинарката Мери Јордановска е превземен од Reporter.mk.