Еден од креаторите на култната серија „Пријатели“ открива дека никогаш не било планирано Џои и Рејчел да завршат заедно – отсекогаш било планирано таа да заврши со Рос, со кого имаше турбулентен врска па и однос во цела серија.
Рејчл и Џои почнаа кратка романса во текот на десеттата и последна сезона. Романсата доби доста критики и од фановите и од критичарите.
Но, како што вели Дејвид Крејн, иако врската беше „контроверзна“, никогаш не беше планирано да биде долгорочна.
– Знам дека беше контроверзна романсата меѓу Џои и Рејчел. Но, мене ми се допадна. Ми се допадна затоа што беше погрешна – и знаевме кога се впуштивме во нешто вакво: ова е погрешно. Но тоа се случува во животот. Сепак, дури и кога сакаш некој, тоа не е личноста со која ќе бидеш – изјави Дејвид за „Радио тајмс“.
Дејвид додаде дека оваа кратка романса го однесе Џои на поемотивно место, овозможувајќи му на актерот Мет Ла Бланк да глуми нешто што дотогаш немал можност да го глуми.
– Џои и Рејчел знаеја дека нивната врска ќе има крај. Таа беше бремена од Рос. Секогаш знаевме дека ќе биде вака… дека врската е осудена на пропаст, но на интересен, емотивен и привлечен начин – рече Дејвид.
Дејвид откри и дека имале алтернативен крај за Фиби во кој таа завршува со Дејвид, а не со Мајк, со кого се омажи во десеттата сезона.
– Постоеше можност за таков крај. Немавме дефинирано со кого ќе заврши – вели Дејвид.
Текстот Еден од креаторите на „Пријатели“ објасни зошто не успеа врската помеѓу Рејчл и Џои е превземен од Reporter.mk.