(Видео) Тамара го наполни најпознатиот геј- клуб во Лондон, супер настап на поп пејачката

Поп-пејачката Тамара Тодевска настапи во најпознатиот геј -клуб во Лондон, Royal Vauxhall Tavern.  Таа успеа да го наполни клубот со фанови пред кои пееше речиси еден час. Забавата почна на полноќ, а Тамара ги отпеа своите најголеми хитови, како и евровизиската Proud.  Настапот во Лондон е дел од нејзината европска турнеја која почна во со настапот во Мадрид.

Клубот се смета за едно од најзначајните места за ЛГБТ-популацијата во историјата и има добиено голем број  признанија поради својата улога во подигањето на свеста и прифаќањето на оваа група на членови во општеството.

Изграден е во 1860 година, а по Втората светска војна веќе бил познат како едно од најпопуларните места за собирање на геј-популацијата. Голем број познати ѕвезди имале свои настапи во РВТ, каде се одржуваат тематски забави, кабаре-програми и разни контроверзни уметнички шоу-претстави.
Покрај настапите Тамара во моментов работи на својот трети студиски албум, а наскоро се очекува и прмоција на  спотот за  нејзиниата нова песна Monsters.

 

Текстот (Видео) Тамара го наполни најпознатиот геј- клуб во Лондон, супер настап на поп пејачката е превземен од Reporter.mk.