„Возбудени сме, на пролет чекам син“, Антонио Милошоски во исчекување на петото дете

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски (44) и неговата сопруга Симона чекаат бебе. Тој веќе по собраниските кругови пред празниците честеше со благо, оти  петти пат ќе стане татко.  Тој ни потврди дека Симона е бремена, и дека чекаат син.

„Радосни сме и возбудени, посакуваме лесна бременост. Ние мислиме дека повеќе деца, е повеќе среќа во семејството. Сепак сме свесни за големите родителски обврски кои не’ чекаат, но ќе успееме. На пролет, здравје Боже, очекуваме уште едно братче и пожелуваме вакви убави вести за секое семејство во Македонија„, изјави Милошовски за Репортер.

Антонио веќе ги има ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12), а овој пат ќе добие син.

(А.Г.) 

Антонио Милошоски чека петто дете

 

Текстот „Возбудени сме, на пролет чекам син“, Антонио Милошоски во исчекување на петото дете е превземен од Reporter.mk.