„Цел живот го поддржував брат ми, но повеќе не можам“, изјави принцот Вилијам откако Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности. Тој изјави дека е тажен поради одлуката на принцот Хари да се повлече од кралското семејство.
„Цел живот сум тука за него, го заштитувам, но веќе не можам. Ние сега сме два различни света и сè што можам да направам е да го поддржам во она што го прави и да верувам дека еден ден повторно ќе бидеме на истата страна, во истиот тим“, изјавил принцот, а изјавата ја пренеле „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство.
Кралицата Елизабета (93) го викнала Хари на итен состанок за да разговараат за идните негови ангажмани и ангажманите на неговата сопруга, Меган Маркл.
Принцот Чарлс и принцот Вилијам ќе присуствуваат на состанокот кој ќе се одржи утре на кралскиот имот во Норфолк.
Текстот „Сега сме два различни света“, принцот Вилијам се огласи по повлекувањето на Хари е превземен од Reporter.mk.