Што кажува вашата омилена боја на лак зборува за вас

Доколку сте љубител на темни, црни лакови за нокти значи дека сте многу креативни и размислувате надвор од кутијата и поставените рамки. Ваквите личности имаат помалку бунтовен карактер, но тоа се жени кои имаат многу самодоверба. Само одважните и храбри жени можат да ја поднесат оваа нијанса на лакови и не обрнуваат внимание на критиките од другите.

Претходните денови на рафтовите на дрогериите се најдоа и неонските нијанси на лакови, кои станаа вистински хит. Личностите кои ја преферираат оваа нијанса се сметаат за многу енергични. Тие се полни со животна сила и полет, па никогаш ништо не им е тешко. Многу сакаат да се дружат и секогаш прават одлична атмосфера во друштво.

Нежните и пастелни бои се резервирани за опуштените и романтични девојки. Бледо розовите, беж боите, па дури и варијантите од нежно жолти или коралните бои помагаат да се опуштите у да уживате во животот. Личностите со оваа нијанса на прстите се со поопуштен карактер и не се многу гласни, па во нивно друштво се чувствувате пријатно.

За многу импулсивни се сметаат девојките кои сакаат портокалови нијанси на лакови за нокти. Овие личности се одважни и полни со трпение. Секогаш се спремни за акција и воглавном сами ги решаваат проблемите затоа што за нив секоја нелагодност е решлива.

Дамите со бои на црвено вино на своите нокти воглавном се сметаат за секси личности. Тие како и лакот сакаат да заведуваат и се многу сензуални и неодоливи. Тие како и бојата на нивните нокти го опиваат машкиот пол и во тоа се многу вешти.

Бојата на невиност и надеж, класичната бела ја опишува личноста која вдишува младост. Без разлика на тоа дали е во прашање лак на целиот нокт или класичен френч на врвот на ноктот, овие личности се елегантни и секогаш се во тренд. Овие нијанси одлично стојат на жените од сите возрасти, затоа што подмладуваат и ги прават женствени и нежни.

Комбинацијата од неутрални и јарки бои на вашите нокти ве опишува како многу весела и разиграна личност. Примарната беж нијанса која е украсена со силен металик или неонски нијанси се сметаат како за урамнотежени личности. Тие знаат кога е време за сериозни работи, но умеат и да се опуштат тоа е прилика.

Огнено црвената боја ја карактеризира личноста која е страствена и зрачи со сексапил. Оваа боја опишува колку е жената јака, а за личностите со оваа нијанса доволно е да се појават и да заведат.

Текстот Што кажува вашата омилена боја на лак зборува за вас е превземен од Reporter.mk.