Европското првенство во ракомет, што се одржува во Австрија, почна пред неколку дена, а македонските ракометари веќе одигра два натпревари. Во екот на подготовките, пред да одат во Виена, разговаравме со голманот Борко Ристовски. Вели, јавноста е навикната да се радува на победите, па затоа на играчите не им е лесно кога губат. Борко не крие дека е горд на своите спортски успеси што ги постигна низ годините. А спортот го однесе и во политиката, како советник на Христијан Мицковски во ВМРО-ДПМНЕ.
„Чувствувам обврска кон нацијата да останам во ракометот. Но, случувањата во спортот ме испровоцира да влезам во политиката. Сепак во оној момент кога ќе се појави голман со искуство и квалитет што ќе може да ги задржи успесите на оваа репрезентација, јас истиот ден ќе се повлечам“, ни откри Борко.
Ракомет игра од дете. Станал голман затоа што бил „најголемиот буцко“ во екипата. „Уште на 15 години знаев дека ќе бидам успешен спортист“, вели тој.
Освен во спортот, Борко ужива да готви и да вежба јога. Но, на прво место му се сопругата Николина и синот Душан. Раскажа интересни приказни за семејството, како ја нападнал Нина за да му биде жена, а и за свадбата што ја правеше лани ноќта пред Бадник. За аманетот од баба му пред секој натпревар, за животот во Португалија и кариерата во „Бенфика“, што му ветил Мицковски пред да влезе во политиката, гледајте го интервјуто…
Андријана Јовановска
Текстот Борко Ристовски: Ќе се повлечам од голот кога ќе се појави квалитетен голман во репрезентацијата е превземен од Reporter.mk.