Колку бои има виножитото? Како што се испоставува, различните култури имаат разллични одговори.
Грчкиот поет Хомер тврдел дека виножитото има само една боја: виолетова. Филозофот Ксенофан велел дека гледа три бои: црвена, жолто-зелена и виолетова.
Сите во текот на ренесансата се согласувале дека виножитото има четири бои: црвена, жолта, зелена и сина. Подоцна додале и петта – виолетова.
Денес, се чини дека сите знаат дека виножитото има седум бои. Но, не е баш така. На пример, Кинезите сè уште тврдат дека има само пет.
Зошто е толку тешко да се одреди колку бои има виножитото? На крајот на краиштата, сите ги гледаме, нели?
Виножитото на Њутн
Денешното уверување во седум бои потекнува од Исак Њутн, кој ова тврдење го поставил во 1666 година.
Причината е сосема лична: Њутн верувал дека сè во вселената се појавува во седумка. Има седум дена во неделата, седум планети (тогаш не биле откриени Уран и Плутон) и седум ноти на музичката скала.
Според тоа, тој претпоставил дека виножитото треба да има седум бои. Тој ја додал портокаловата помеѓу црвената и жолтата, а виолетовата ја поделил на индиго и виолетова.
Извор: B92.net
Текстот Сигурни сте дека виножитото има седум бои? Размислете повторно е превземен од USB.mk.