Магазинот „Пипл“ ја избра Меган Маркл за најдобро облечена жена за 2018 година. Американката која по свадбата со принцот Хари ја доби титулата војвотка од Сасекс го смени својот стил на облекување и стана стилска икона ширум светот.
По Меган на листата следат холивудските актерки Кејт Бланшет и Сандра Булок, адвокатката за човекови права Амал Клуни, па Ким Кардашијан.
Ова е првпат член на кралско семејство или некој што веќе не е дел од Холивуд да ја предводи листата на магазинот.
Текстот Меган Маркл е најдобро облечена жена за 2018 година е превземен од Reporter.mk.