Најпознатиот македонски зурлаџија, Џељо Дестановски, сними музичко шоу со познати музичари и пејачи. Во проектот, меѓу другите, учествуваа и Влатко Миладиновски, Мите Стоилков, Ферус и Ферчо Мустафови и други, придружувани од оркестар составен од најдобрите македонски музичари.
„Целта со овој проект ми беше на македонската публика и на сите што уживаат со звуците на зурлата да им подарам нешто убаво за почетокот на новата година. Ова е проект со многу песни и ора, во кој учествуваат мои пријатели и соработници“, вели Дестановски.
Лани Дестановски реализираше многу проекти и новитети, а најавува дека тие ќе продолжат и во 2020 година.
„Планирам самостојни дела, но и соработки со многу познати пејачи и музичари“, додава тој.
Текстот (Видео) Нов музички проект на зурлаџијата Џељо Дестановски е превземен од Reporter.mk.