Британскиот пејач Сем Смит објави слика од плажа на која е со гол задник. Неговите колеги се воодушевија од сликата, па Карди Би му порача: „Сакам да те гризнам за задникот“. Пофалби доби и од Никол Шерцингер, Наоми Кемпбел, Рајан Тедер од „Уан репаблик“ и други.
Но, фановите не беа воодушевени од сликата на Смит. Тие му порачаа дека овој пат претерал. „Никој не сака да го гледа твојот гол, дебел газ“, стои во еден од коментарите.
Не е првпат пејачот да предизвика реакции во јавноста. Тој често објавува слики на кои е нашминкан, со женска облека, а неодамна изјави дека веќе не се гледа себеси ни како маж ни како жена и дека сите треба да му се обраќаат во неутрален род, како „тоа“ или „тие“.
Текстот (Фото) „Сакам да те гризнам“: Сем Смит гол на плажа е превземен од Reporter.mk.