Поранешната пејачка Жаклина Терзиева, позната како Жаки Макарена, се присети на времето кога беше во врска со поп-пејачот Владо Јаневски. „Нашата љубов беше голема. Ама веќе не сме во контакт“, изјави таа во едно постаро интервју. Неодамна на својот фејсбук-профил таа објави и стара заедничка слика од насловна страница на македонски весник, со наслов „Тој ме праша ќе бидеме ли маж и жена“. Медиумите Жаки ја нарекуваа „првата голема љубов на Владо“, а се пишуваше и дека врската со години ја криеја од јавноста.
Жаки беше една од најпопуларните фолк-пејачки во 90-тите години. Таа се прослави со песната „Жаки Макарена“ и стиховите „Нигде нема таков даса, да ме сруши испод маса, каква Цеца, каква Брена, јас сум Жаки Макарена“. Пред многу години таа се откажа од музиката. Потоа отвори свој фризерски салон, а денес работи во приватна агенција за обезбедување во трговскиот центар „Сити мол“. Мажена е и има син.
Текстот Жаки Макарена прозборе за љубовта со Владо Јаневски е превземен од Reporter.mk.