Научниците успешно го направија првиот жив робот кој има способност сам да се регенерира. Научниците ова достигнување го сметаат за револуционерно, затоа ваквите „живи машини“ можат да бидат корисни во многу случаи, а особено затоа што можат да го подобрат здравјето на човекот и долговечноста.
Овие роботи се нарекуваат ксенороботи, чиишто матични станици се користат за обновување. Роботите се многу ситни, помали се од еден милиметар, па можат непречено да се движат низ организмот на човекот, пишува CNN.
Минијатурните роботи можат да пливаат и да работат во групи, а способни се да преживеат без храна и до неколку седмици.
Ксенороботите можат да се користат за операции, за чистење на радиоактивен отпад, за собирање на микропластиката од океаните, за внесување на лекови во човечкиот организам и за уште многу други намени.
Извор: Klix.ba
Текстот Револуционерно откритие: Направен жив робот кој е способен да се регенерира (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.