Меган Маркл по кризниот состанок што го одржа британската кралица Елизабета Втора, излегла насмеана и задоволна. Папараците ја снимиле додека се качува на авион. За разлика од другите членови во кралското семејство, сопругата на Хари била задоволна од крајниот исход, пишуваат британските медиуми.
„Меган изгледаше среќно и исполнето. За разлика од останатите членови, кои беа тажни и бледи, таа очигледно била задоволна од крајниот исход“, се некои од коментарите на блиските членови од кралското семејство.
Медиумите пренесуваат дека принцот Вилијам бил блед и дека немал спиено поради одлуката на Меган и Хари да се преселат во Канада. Кралската двојка се откажа од кралското семејство и се пресели во Канада. Како што пренесоа медиумите, и Хари и Меган изразиле желба да бидат финансиски независни.
Текстот (Видео) Меган Маркл насмеана и расположена по состанокот со кралицата е превземен од Reporter.mk.