„Нема лесен пораз“, министерката Ангеловска со поддршка за ракометарите

Министерката за финансии Нина Ангеловска, заедно со гувернерката на Народна банка Анита Бежовска, од трибините во Виена ги бодреа македонските ракометари на Европското првенство.  И покрај елиминацијата на Македонија од ЕП, за Ангеловска ракометарите се херои. Таа напиша дека сите заедно треба да им дадеме силна поддршка и секогаш да бидеме со нив и во победите и во поразите. Таа објави и заедничка фотографија од трибините со македонското знаме.

„Нема лесен пораз, особено кога притисокот и очекувањата се на високо ниво. Респект за играта и заслужената победа на противникот. Што е следно е јасно. Многу повеќе работа и труд! Ми беше чест да ги бодриме нашите великани. Во победа и во пораз секогаш тука за вас“, напиша Ангеловска на Фејсбук.

 

 

 

Текстот „Нема лесен пораз“, министерката Ангеловска со поддршка за ракометарите е превземен од Reporter.mk.