Кондомот во Куба не е само за секс

Кондомите на Куба одамна не се користат само за секс. Бидејќи просечната плата во земјата е 30 долари, а кондомите се продаваат за 4 центи, Кубанците смислуваат разни начини на кои можат да ги искористат во секојдневното живеење. Тие ги користат презервативите во риболов, при ферментација на вино, за поправка на пукнатини, дури и како гумички за врзување коса. Некои ги корисатат кондомите и на детски родендени, како шарени балони.

Рибарите поврзуваат неколку надувани кондоми и тие им служат за пловки на трските.

Кубанецот Орестес Естевез, пак, во импровизирана винарија во неговиот дом грлото на шишето во кое има сок од грозје го покрива со кондоми, оти не може да си дозволи да купи тапи за вино. Додека трае ферментацијата, кондомот се надувува од гасовите, а кога ќе се издува, тогаш виното е готово, па Естевез го продава во својата гаража.

Светските медиуми пишуваат дека цената на кондомите во земјата е симболична, оти Владата на Куба, како дел од програмата против полно преносливи заболувања ја субвенционира нивната продажба.

Текстот Кондомот во Куба не е само за секс е превземен од Reporter.mk.