Поп-пејачот Александар Тарабунов – Тара со клавир во соул стил ја препеа новата песна на Тамара Тодевска, „Довидување таго“. Тој објави видео на своите социјални мрежи и ѝ порача на пејачката дека направила заразна песна.
„Како ја пушти денес, цел ден од глава не ми излезе“, откри Тарабунов во видеото.
Оваа верзија на песната освен што им се допадна на неговите обожаватели, ја бендиса и авторот Роберт Билбилов. Тој во коментар на Александар му порача: „Маестрално Тара, браво“. Некои обожаватели, пак, му напишаа дека сега е вистинско време да направи дует со Тамара.
Текстот (Видео) Тарабунов ја препеа новата песна на Тамара е превземен од Reporter.mk.