Пејачката Емина Јаховиќ му се врати на својот поранешен партнер Мустафа Сандал. Гласините дека двајцата се повторно заедно се сè погласни во турксата јавност. Емина и Мустафа се видени за време на еден зимски викенд заедно со еден од синовите.
Емина за медиумите нагласи само дека се добри пријатели и дека се заедно со Мустафа само поради нивните деца. Сепак така не мислат нивни блиски пријатели кои објавија дека таа за нејзинот 38 роденден од Мустафа добила Ролекс вреден 45 илјади евра. Извор близок до двојката вели дека Емина била пресреќна и не се двоела од Мустафа.
„Таа го бакнуваше и гушкаше Мустафа. Изгледаа како воопшто да не беа разделени. Наскоро планираат и одмор во Швајцарија“, објаснил изворот.
Емина претходно беше во врска со турскиот милионер Себахатин, но двајцата се разделија на почетокот на декември минатата година. Мустафа ќе пишува и автобиографија и голем дел од книгата ќе биде посветен на Емина.
Текстот Емина и Мустафа повторно заедно е превземен од Reporter.mk.