Персоналот задолжен за носење багаж на лондонскиот аеродром „Хитроу“ организираше танцова точка во чест на починатата музичка ѕвезда Фред Меркјури, фронтменот на култната рок-група „Квин“.
Додека не станал познат под името Фреди Меркјури, Фарок Булсара, и самиот работел како носач на багаж, токму на аеродромот „Хитроу“.
Меркјури бил роден на 5 септември 1946 година, па така персоналот задолжен за багажот, во чест на пејачот, постхумно го одбележа неговиот 72. роденден и со интересна танцова точка го привлече вниманието на посетителите.
Вработените за настапот вежбале две недели и како што рекле за медиумите, сфатиле дека не било воопшто лесно да се биде во чевлите на Фреди, берем и за момент
Текстот (Видео) Танцова точка на аеродром во Лондон во чест на Фреди Меркјури е превземен од Reporter.mk.